Граѓани непрописно преминуват улици
Секогаш не се премнуваат главните градски улици на пешачите премини. Ова го покажала петчасовната контрола што вчера, 13 август, ја спроведе Секторот за внатрешни работи Велес во Кавадарци, во Неготино и во Велес.
Вкупно 25 пешаци, во трите градови, не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив , седум се граѓани на Велес, осум на Кавадарци и десет на Неготино.
Полициските службеници дел од овие граѓани писмено ги опоменале додека дел ги упатиле на сообраќајна поука која се состои во 45 минутни едукативни запознавања со правилата за прописно и безбедно преминување на улица.
Претходно полицијата, во повеќе наврати, ги контролираше возачите кои под дејство на алкохол управуваат автомобили, за брзо возење и престигнување, контрола за исправност на возила во сопственост на граѓани и на фирми кои се вклучени во јавен превоз како и на моторциклисти кои во ноќните часови го нарушуваат јавниот ред и мир./У.Ј