Пожарот уништи најголем дел од излетничкото место „Езеро Младост“
Глетката на „Езеро Младост“ по дванаесет часа од изгаснатиот пожар потврдува дека најголем дел од најпосетуваното излетничко место крај Велес е сосема уништено. Таму сеуште пожарникарите од Велес помогнати од колеги од соседните градови и вработените во ЈП „Национални шуми“ и ШС „Бабуна“ интервенираа на мали огништа што се појавуваа како последица на догорување.
Синоќа до четриесет минути по полноќ гаснеа над 300 а 100 луѓе, утрово на 27 август, ја започнаа контролата на опожарената површина на езерскиот брег. Вчера ноќ во локализирањето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Скопје, Свети Николе, Штип, Кавадарци и Неготино учествуваа во организираното гаснење на пожарот во кое учествуваа и вработени на велешкото шумско стопанство „Бабуна“, на Дирекцијата за заштита и спасување, на ЈКП „Дервен“, припадници на АРМ како и граѓани доброволци. Во текот на вчерашниот ден пожарот се гаснеше и од воздух со два авиони канадери на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на АРМ кои фрлија 27 ведра односно 54 тони вода.
.
По интервенцијата за гаснење, денеска, најголем број од стеблата во боровата шума, на површина од околу 200 хектари, изгорени се или опожарени. За нив шумарските работници рекоа дека ќе мораат да се сечат. Во ништо подобра не е состојбата на преостанатата површина, над патот кој води кон хотелите, на која сосема се изгорени и нискостеблести растенија и сува трева.
– По краткотрајниот дожд што заврна попладнево сите мали огништа се изгасени. Тие претходно се појавуваа како последица од догорувањето, сонцето и ветрот, рече Пенчо Кимов од Кабинетот на Градоначалникот на Велес по последната контрола на опожарената површина на езерскиот брег на „Младост“./У.Ј