Шекеринска: „Со вежбата РЕГЕКС – 19, покажуваме дека веќе функционираме како држава, членка на НАТО“
Во денот кога италијанскиот Сенат и Велика Британија го ратификуваа НАТО протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата, македонската армија е домаќин на компјутерски асистирана тактичка вежба ,,РЕГЕКС-19“ на која учествуваат војници од 22 земји од четири континенти. Вежбата се реализира под менторство на НАТО командите.
,,РЕГЕКС-19“ ја покажа подготвеноста на Република Северна Македонија да организира големи вежби со учество на 2.700 припадници на различни армии и дека може да работи на софистицирани вежби со симулација затоа што поседува знаење и вештини, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска
– Тоа значи дека буквално сме во фото финиш и како држава со оваа вежба покажавме дека веќе функционираме како членка на алијансата, додаде Шекеринска.
Вежбата се реализира во Центарот за симулации на Командата за обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес откако војниците на 17 армии од исто толку држави и 3 од држави членки на НАТО ја подготвуваа 12 месеци со иста заедничка цел.
– Директно од ова место, градот Велес, Република Северна Македонија испраќаме цврста порака за стабилност и безбедност во регионот и пошироко, Генерал мајор Павле Арсовски.
Денеска, на отворениот ден за гости полтполковникот на НАТО Лекристоф Леклер и полковникот на Армијата на Северна Република Македонија Звонко Мајсторски ја презентираа целта на вежбата, преку менторирање да се обучат припадници на армиите од нашата и земјите партнери на НАТО за планирање, организирање и реализирање на меѓународна вежба на бригадно ниво, согласно НАТО стандардите и процедурите./У.Ј