Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

velesturistickadestinacija fin

Општина Велес учествува во проектот „Македонија на дланка“ со виртуелна прошетка низ градот за да им овозможи на потенцијалните туристи да се запознаат со знаменитостите. Градот изработи и промотивно видео со највпечатливите и најпривлечните поединци, споменици, цркви, манастири и локалитети, за да ги привлече транзитните туристи чија бројка на годишно ниво, изнесува 3,5 милиони кои поминуваат по автопатот „Пријателство“.

Современиот турист сака да знае каде точно ќе отпатува пред да го купи авионскиот билет и да ја резервира хотелската соба за сместување, рече Пенчо Кимов координатор на проектот „Велес инспирира“ во чии рамки се одржа форум за предизвиците на туристичките потенцијали на Општина Велес.

-Во таа насока е и уникатната можност поточно виртуелната тура наречена „Македонија на дланка“ или во нашиот случај „Велес на дланка“каде секој посетител има можност  виртуелно преку интернет страницата „Макеонија од горе“ да влезе во 18 локации кои што ги маркираше општината и да се запознае со нивните особености, туристички или информативно. Страницата нуди голем број на можности и додадена вредност. Тоа е добар начин и во осовременувањето на образовниот процес што можат да ја користат професорите за да ги запознаат учениците за историјата, географијата преку прошетки низ културно историските споменици на градот, додаде Кимов.

Со цел да се идентификуваат туристичките потенцијали и главните потреби на Велес како развиена туристичка дестинација со препознатлив бренд, се одржа и форум за предизвиците на туристичките потенцијали на Општина Велес”.

Пред претставници на културните институции, на винарии, ученици и граѓанските организации градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го издвои транзитниот туризам и очекувањата од реализацијата на проектот „Паметно Езеро Младост“, како и предностите за транзитните туристи што можат да ги понудат како локалитетот Пешти, Сомен Костурница, куќата на Касапови и останатите спомен куќи така и црковниот и манастирски туризам предводен од Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ и манастирот „Свети Димитрија“ во кој се открива вреден фрескоживопис од 12 век.

- Интересна е и информацијата која говори дека во нашиот град, во времето на Кралството на СХС, значи пред повеќе од еден век медицински лица, жени од САД, ја отвориле и првата детска болница на Балканот, додаде Коцевски.

Говорејќи како Велес да создаде имиџ и брендирање на препознатлива туристичка дестинација,Д-р Науме Мариноски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, препорача создавање на брендирани трговски марки и градење препознатлив имиџ. Тој го пофали градот и неговото вклучување во креираната апликација „Македонија на дланка“ и соопшти дека ќе биде лобист на национално ниво за што поголема промоција на клисурата Пешти и палеонтолошкиот локалитет Караслари.

-Тие треба да станат нови, препознатливи туристички дестинации на Велес, додаде Мариноски.

За извршната директорка на Стопанската комора за туризам, м-р Билјана Пејовска Ристеска, „Велес паметен град“ е добро осмислено име за бренд што градот треба да го користи при туристичката промоција и влегувањето на Спомен костурницата како интересна туристичка дестинација на Вестерн балкан рутата.

- За да се биде препознатлв, да се создаде слоган, имиџ тоа мора да е кратко и да биде информативна порака која што ќе влијае на свеста на потрошувачот, туристот, за да го избере Велес како дестинација, додаде Пејовска Ристеска.

Според резултатите од практичната вежба на форумот во која учествуваа присутните Спомен костурницата, велешката пита, клисура Пешти, Велес паметен град, Саат кулата,, езерото Младост се дел од идеите за препознатлив туристички бренд на Велес. Проектот „Велес инспирира“ е финансиски поддржан од Министерството за економија./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново