Вардар, во Велес,порибен со 200 килограми млад крап
Додека од спротивната страна на скалите на кејот на река Вардар рибари ловеа риба од спротивната, крај Мало Мовче, 200 килограми млад крап беше пуштен во водата на реката. Порибувањето го изврши Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ според редовните годишни обврски. Тоа стопанисува со овој ревир во кој се наоѓаат уште реките Тополка и Бабуна.
– Најчесто репро центрите порибителен материјал имаат во зимскиот период, кога водата е малку по ладна, рибата подобро се адаптра да живее во реката. Вардар мораме да го порибиме затоа што сме должни според риболовните основи во рекава да извршиме порибување со крап додека за Тополка и Бабуна обврзани сме да порибиме пастрмка. Тоа ќе се случи во наредните денови, рече Мартин Павлов претседател на ЗГ на спортски риболовци „Бабуна“.
Рибата со која беше порибен Вардар ја донесе комбе на репроцентарот на рибник „Акватика“ од Неготино. Порибувањето го следеше инспекторот по земјоделие при Државниот инспекторат за земјоделство, Трајко Сирмевски.
-Порибената риба на ревирот Вардар 4 е со стандарди за пуштање во промет поточно за порибување на рибри во ревири од страна на спортските риболовци, рече Сирмевски.
Спортските риболовци на „Бабуна“ ја добија концесијата за стопанисување и со „Езеро Младост“ но сеуште не е потпишан договорот па затоа рибочуварите не можат и таму да контролираат и спречат рибократство. Тоа значи дека ако не го контролира полицијата тогаш никој не врши контрола дали некој краде или лови риба со дозвола.
На трите реки Бабуна, Тополка и Вардар рибочуварите спречуваат рибокрадци, тврди Павлов.
– Нашата рибочуварска слуќба од годинава е со зголемен број бидејќи има доброволци и имаме зголемен број на акции. Тие спречија рибокрадци, им ги одземаа мрежите, го информираа Инспекторатот кој понатаму ги тера постапките пред судовите, додаде Мартин Павлов.
Тоа што рибочуварите и доброволците во пролетниот период спречија кражби, токму кога рибите се мрестеа во ревирот Вардар 4, сега рибниот фонд вотрите реки е доволно голем./У.Ј