„И од Велес се може“: ИТ инжинерот Благојче Јосифовски,со фирма, која работела проект за американски пазар
Образован, самоуверен во сопствените знаења, капацитети и способности и убеден да гради кариера во својот роден град, Велес, тоа е велешанецот Благојче Јосифовски. Овој ИТ инжинер не планира да замине надвор од Македонија туку компјутерските програми и софтвери да ги продава на европскиот и американски пазар од Велес. Последниов, веќе го почувствувал бенефитот како Македонец може да подобри финансиски менаџмент и инвестициски портфолија.
Работната приказна на Благојче Јосифовски, иако е само децениска, е иновативна и инспиративна. Поранешниот дивелопер во телекомуникациска македонска фирма, штом научил тоа што зацртал, донел одлука да создаде своја ИТ фирмата „Бласофт Солушнс“ и во втората „Скил ап“ да стане ко – основач со визија за развој. Денеска кога тој во сивито ги пишува работните места, во успешните приказни ја впишува и првата , во исто време, и единствена Академија за програмирање, дизајн и дигитален маркетинг во Велес покрај успешните комплексни софтверски решенија за финансиски менаџмент и инвестициски портфолија, наменети за американскиот пазар.
Jосифовски започна во неговиот и наш роден град, Велес и својата приказна ја развива успешно иако исчекорот од етаблирана во штотуку отворена фирма воопшто не бил лесен.
-Имав многу страв и недоумици, да напуштам реномирана фирма и да почнам сопствен бизнис, на крајот да останам можеби и без работа. Моите родители велеа седи си во фирмата имаш сигурна работа и плата до пензија се е супер но, кога разговарав со другарите и младите тие велеа сега е вистинскиот миг за првиот чекор, да работам како што јас сакам и на начин како што јас планирам, рече Јосифовски.
Тој фирмата „Бласофт Солушнс“ ја формирал во 2016 година кога започнал да работи на проекти. Проектите, мали и големи, се зголемувале. Сепак Јосифовски е задоволен што најголемиот, за финансиски менаџмент и инвестициски портфолија за американскиот пазар му овозможил да вработи колеги од Велес но и од Тетово, прво хонорарно а потоа и 10 со полно работно време.
– Денеска имаме колеги, велешани кои си дадоа отказ во скопски фирми за да работат во својот роден град и во фирмата „Бласофт Солушнс“. Велат дека се многу среќни прво затоа што скратиле секојдневно патување од 3 часа и имаме колега што по пет години работа во Германија, се врати и е дел од нашиот тим. Сепак проблеми има со вработувањето на колеги, но сега е полесно, додаде Јосифовски.
Тој им порача на младите што поскоро да го променат мислењето и кога бараат работа постојано да се подготвени да учат и да се надоградуваат, со нови технологии, методологи и програмски јазици. Токму ваква помош на штотуку завршени ИТ инжинери ќе дава неговата отворена Академија за програмирање, дизајн и дигитален маркетинг со седиште во Велес. Освен за возрасни Академијата ќе нуди и програми за деца кои наполниле 13 години.
Инспиративната ИТ бизнис приказна на Благојче Јосифовски беше промовирана на настан организиран од „Преда Плус“ од Битола и „X Фактор Акцелератор“ од Велес како дел од проект за претприемачка програма, од идеја до бизнис план: „И од Велес се може“.
Убавка Јаневска