Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policijastop fin

Две возрасни лица во животно загрозувачка состојба за што се веднаш препратени на скопските клиники и две деца од кој на едното во моментов се врши оперативен зафат во хирушките сали на велешка болница се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Чашка - Велес, во близина на раскрсницата за Горно Оризари. Таму од засега не утврдени причини автомобилот излетал од патот и се забил во дрво.

Портпаролот на Здравствен дом Велес, др Страхил Тодоров, вели дека во 16 часот и 8 минути две екипи на Итната медицинска помош интервенирале на сообраќајната несреќа.

drTodorovski fin

- Повредени се три лица кои патувале во автомобилот а четвртото е дете со преживеан акутен стрес. Второто дете и двете возрасни лица се здобиле со тешки телесни повреди. По интервенцијата со возилата на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентните хирушки амбуланти, додаде Тодоров.

По реанимацијата двете возрасни лица, мајка и син, се веднаш пренесени на скопските клиники од комплексот „Мајка Тереза“ додека двете малолетни деца се задржани во ЈЗУ Општа болница Велес соопшти портпаролот др Тодор Јаковлевски.

dr Jakovlevski fin

- Во моментов на едно од децата се врши оперативен зафат додека другото е задржано на опсервирање. Инаку станува збор за семејство од Горно Врановци, додаде Јаковлевски.

Во извлекувањето на жената и на едно од децата интервенирале пожарникарите од ТППЕ во Велес.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајката која е причина за целосното запирање на сообраќајот на регионалниот пат Велес- Чашка.

Ова е втора сообраќајна несреќа, денеска 16 јануари, на територијата на општина Велес. Првата се случи утринава околу 8 часот на автопатот Велес - Скопје, кај местото „Пуста Кула“ во која со сериозни повреди, витално загрозувачки по животот, се здоби жена додека нејзиниот сопруг и внука со телесни повреди се задржани во велешка болница./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново