Почина тешко повредената кавадарчанка во сообраќајката кај „Пуста Кула“ на автопатот Велес- Скопје
Објавено на 16 јануари, 2020 во 18:49
Почина триесет и осум годишката кавадарчанка што се здоби со тешки повреди во верижниот судар, кај „Пуста Кула“ на автопатот Велес – Скопје. Жената почина нешто по 15 часот, на КАРИЛ, како последица на повредите на главата.
Лекарите соопштија дека била под постојан надзор, но не успеале да ја спасат.
Во сообраќајката полесно се повредени нејзиниот сопруг и внука. Тие се задржани на опсервација на хирушкото одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
Во верижниот судар учествуваа вкупно шест возила, пет автомобили и еден камион.
Увидот на полицијата треба да ги покаже причините што ја предизвикаа несреќата. /У.Ј