По новите енергетски ефикасни прозорци, ООУ„Панко Брашнаров“, ќе се опреми и со нови клупи и столчиња
Освен што ќе бидат нови, заменетите ПВЦ прозорци, нема да дозволуваат да излегува топлинската енергија од училниците во основното училиште. Тоа ќе допринесе од 20 до 25% заштеда на енергијата. Бенефитите треба да се гледаат и преку резултатите кои во останатите училшта и градинки покажуваат помала загаденост и поголема заштеда на финансиски средства.
– Со градоначалникот Аце Коцевски, согласно Планот за чист воздух, се договаравме и за приоритетите во 2020 година. Значи ко училишта и детски градинки како прортети во кои ќе треба да интервенираме не само со енергетска ефикасност туку и со директна замена на изворите на затоплување кои загадуваат, рече Јани Макрадули заменик министер за заштита на животна средина и просторно планирање .
Новите 27 прозори во ООУ „Панко Брашнаров“ се дел од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година на Владата и чинат скоро еден милиони денари. Тендерот го доби и градежните работи ги извршува кавадаречката фирма „МИ Комерц 2000“.
– Сакам да се заблагодарам што нашето училиште е дел од овој проект на државата со кој енергетски, изолационо и звучно ќе бидат заштитени учениците, додаде директорот Трајче Малинов.
Тој наскоро очекува училиштето да добие нови клупи и столчиња.
Според Градоначалникот Коцевски во моментов завршува проектот за замена на азбестно цементните табли на покривот во СОУ „Јовче Тесличков“. Дел од средствата ги обезбеди општината додека 50 илјади евра се од грантот на Светска банка. Во дел од општинските училишта е замнета столаријата со нова од ПВЦ но во дел не е.
– Ние сакаме да интервенираме на повеќе нивоа. По промената на столаријата да се постават енергетско заштитни фасади како и замена на топловоднте системи со еколошко прифатлив. Најголем дел од училиштата имаат затоплување на нафта. Тие не се добри затоа планираме замена со пелети и перспективно со воведување на гас. Во градот нема загревање на дрва но во училиштето во село Бузалково не само што се загрева на дрва со 11 ќумбиња руку нема и систем за загревање. Во учелиштето во населбата во Превалец со средства од буџетот на општината го заменивме системот кој сега функционира на пелети, рече Коцевски.
На пелети се затоплува и училиштето во Башино Село./У.Ј