Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Makradul fin

Во владиниот План за чист воздух освен градот Скопје опфатени се 16 општини во државата. Досега интервентни мерки Владата превзела во Битола, Тетово, Куманово, Кавадарци каде исто така се спроведуваат проекти за енергетска ефикасност и се интервенира преку поставување на нови топловодни системи. Вака одговори Јани Макрадули ,заменик министерот за заштита на животна средина на новинарско прашање што превзема државата за намалување на загадувањето во внатрешноста на Македонија ако се има во предвид дека вчера, среда 22 јануари во Велес се регистрирани скоро три пати повисоки вредности на ПМ 10 во воздухот од максимално дозволените концентрации. 

- Нема друг начин да се справиме со загадувањето освен со изворите. Тоа е јадрото на Планот за чист воздух. Затоа ги превземаме активностите за промена на изворите на затоплување и разговараме за приоритетите во 2020 година. Владата се обврза дека до 2024 година нема да има јавна институција што ќе го загадува воздухот. Ако немате институции, објекти и куќи што загадуваат тогаш ќе нема зададување. Затоа цела држава е дел од проектот, рече заменик министерот Макардули.

Тој потенцираше дека Велес за разлика од останатите градови во државата има поразвиена еколошка свест па затоа очекува полесно справување со предизвиците./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново