Се дружеа припадниците на АРМ со ученците во ПОУ „Маца Овчарова“ со играчки што им ги купија
Озарени лица, насмевки и возбуда во очите. Вака ги пречекаа учениците на ПОУ „Маца Овчарова“ припадниците на македонската армија од касарната „Алексо Демневски Бауман“ во нивното училиште. Следеа громогласни радувања, гушкања и аплаузи кога припадниците на армјата ги поделија играчките што им ги купија од средства што лично ги издвоија од својата плата. И дружбата започна а можеше да трае бесконечно долго затоа што и децата и војниците ја посакуваа. Се играше пикадо.
– Со особена возбуда ги очекуваа војнците штом ги информравме дека тие ќе ни бидат гости. Им благодарам што докажуваат дека сите сме исти, непостои поделба и секој според своите можности постигнува резултати, што тоа им го покажаа на дечињата и секако на сите во нашата држава. Гестот е за поздравување бидејќи со него покажаа дека не ги делат овие дечиња туку со нив се дружат. Да се дружиме понатаму, рече Лена Гаданец дректорка на ПОУ „Маца Овчарова“.
Таа најав дека, на оваа прва, е веќе испланрана возвратна средба.
-Овој ден долго ќе го паметиме бидејќи е почеток на дружбата со нашата армија. Соработката ќе продолжи, како што кажаа и припадниците на АРМ затоа што ќе ја посетиме касарната во Велес кога децата ќе се запознаат со работата на војниците, додаде Гаданец.
ПОУ„Маца Овчарова“ е државно училиште во кое настава посетуваат педесет ученици од регионот. Петнаесет од нив се сместени во интернатот каде се работи во три додека наставата е во две смени.
Досега училиштето добило бројни донации од кои купиле игровен матерјал а од последните ќе купат дидактички матерјали./У.Ј