Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

prestava2 fin

Како учениците да не бидат пасивни набљудувачи туку активно да се вклучат во борбата против врсничкото насилство е резултат на форум театарот организиран од првата детска амбасада Меѓаши и неколку средни училишта од земјава. Подготвена е театарска претстава, во која средношколците се гледаат себе си, но од другата страна. Учеството на учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ во претсетавата што денеска се одржа на малата сцена на театар „Џинот“ во им овозможи да интервенираат на театарското сценарио преку барање на решенија кога се сведоци на врсничко насилство.

-Имавме обука на тема врсничко насилство поточно булинг и главна цел ни беше како учесници во булингот да земеме главно учество без да бидеме загрозени, рече ученичката Емили Митревска.
-Како учесник во театарската претстава на тема меѓуврсничко насилство, која беше подготвена на тродневна обука мислам дека ќе им покажеме на гледачите што точно значи булинг и ќе ја подигнеме свеста за тоа да биде намалено, рече ученичката Деспина Миланова

prestava3 fin

Проектот гради критички став и проективен однос, за да видат дека имаат моќ да ги менуваат работите околу нив, вели модераторот на проектот Владо Караев.

-Форум театарот магична техника која ја користиме секогаш во неформалната едукација. Целта е да се направи дистинкција помеѓу пасивното или реактивно однесување и проактивното однесување, додаде Караев.

Како честа појава во македонските училишта која создава огромни емоционални проблеми кај жртвите, не ретко завршуваат и трагично, значајно е младите да го препознаат меѓуврсничкото насилство и да се охрабрат, да реагираат, смета Ана Битољану – мировна работничка во програмата за мировно образование на „Меѓаши“

-Мировното образование акцентот го става на вредностите, бара едно поинакво образование и исклучително е важно на навраќање на идејата дека образовниот процес не е само образование туку и воспитување, компонента што е изгубена во последните години, додаде Битољану.

Megjashipretstava1

Проектот го опфаќа и проблемот со сајбер насилството и начините како младите да се заштитат од него.

-Она што младите сакаат да го упатат како порака до врсниците е и најмалата шега да не предизвика насилство кон оние кон кои ја испраќаат, рече Цветанка Карамаркова – професор во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес

Форум театарот денеска им даде можност на околу 150 средношколци да се претворат од пасивни набљудувачи во активни предлагачи на решенија со кои се спротивставија на меѓуврсничките насилници. Театарот го гледаа и професори што кај нив треба да предизвика, исто така , поголем интерес и внимание за младешкиот проблем. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново