Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

infektivno oddelenie fin

ОК на ВМРО ДПМНЕ Велес повикувајќи се на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот на Управувачкиот комитет на Центарот со Управување со кризи, во која тој соопшти дека Инфективното одделение во Велес заедно со инфективните одделенија во Штип и Гостивар ќе бидат изолациски центри и карантински единици за сомнителни случаи од Корона вирус во Вардарски регион смета дека решението не е ниту најсоодветно ниту најрационално. Со него се загрозуваат здравјето на граѓаните и на медицинскиот персонал, пишува во реакцијата на партијата.

„Од друга страна, загрижува фактот дека инфективното одделение во Велес ниту технички, ниту инфраструктурно нема услови за згрижување на заболени, потенцијално болни и сомнителни болни од Корона вирусот. Критериумот според кој е направен изборот е нејасен, но јасно е дека Инфективното одделение при Општа болница Велес е со субстандардни услови за згрижување и третман на болните. Велешката болница располага само со тројца инфектолози. Нема ниту соодветна апаратура, не располага со соодветни количини на антивирусна терапија, а нема ниту хигиенски услови за достоен третман на сомнително болните и заболените.“.

ОК на ВМРО ДПМНЕ од името на велешани го повикаа министерот за здравство, Венко Филипче да ја преиспита и преиначи донесената одлука и јавно го праша:
„- Кога последен пат министерот Филипче го посетил Инфективно одделение во Велес и дали знае какви се условите и колку е оштетена инфраструктурата на одделението за инфективни болести?
- Според кој критериум Инфективното одделение во Велес е избрано да биде Центар за изолација и карантинска единица за сомнително болни?
- Знае ли министерот Филипче во какви недостоинствени услови работи медицинскиот персонал на Инфективното одделение?
- Знае ли министерот дека има само тројца инфектолози во Велес?
- Знае ли министерот какви се условите за престој на Инфективното одделение во Велес? Без топла вода, без греење, оштетена дограма...
- Знае ли министерот дека ги изложува на опасност вработените и на кој начин ќе ги заштити?
- Знае ли министерот дека инфективното одделение е во централното градско подрачје на Велес, во непосредна близина на основно училиште и дека со оваа одлука дополнително го доведува во опасност здравјето на граѓаните и на децата кои посетуваат настава во училиштето?
- И на крај зошто токму Велес? “.

Партијата констатира дека болницата во Велес не е ниту Клинички центар ниту има опрема, реагенси и антивирусна терапија за соодветен третман на заболени, сомнителни и потенцијално болни од Корона вирус додека со оглед на степенот на сериозноста на вирусот и брзината со кој се ширел, најитно е потребно да се подигне степенот на подготвеност за превенција и справување со евентуални заболени, да се делува во таа насока, но не по цена да се доведува во опасност здравјето на велешани. Во исто време на министерот Филипче му препорачува да изнајдел алтернативни мерки и вакви изолациски центри и карантински единици да биле болници кои се лоцирани надвор од населении места./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново