Димитриев: Негативни уште 7 резултати од земен брис за „Ковид 19“ на граѓани во Велес
28.03.2020
Тоа се резултати на здравствени работници на ЈЗУ Општа болница Велес кои на работните места биле во првичен контакт со тројцата сограѓани позитивни на „Ковид 19“. Од нив двајца се лекари, две медицински сестри и еден вработен во администрацијата на јавната здравствена установа. Резултатите стигнаа од лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје во Скопје. Брисот од здравствените работници е земен на 25 март, годинава.
-Досега Центарот за јавно здравје зема и испрати вкупно 61 брисови во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје во Скопје. Оваа бројка е земена од 25 до 27 март, годинава според утврдена приоритетност. До денеска се стигнати резултати на 39 сограѓани. Најголем број од земените брисови се од колеги на двајцата позитивни сограѓани и на оние сограѓани кои имале контакт со трето заболениот. Сите резултати што до денеска се стигнати кај нас се негативни. Инаку сите сограѓани кои е утврдено дека биле во контакт со позитивните на „Ковид 19“ веднаш се изолирани и тие во изолација ќе останат до законски утврдениот рок од 14 дена. Тие се следат согласно дадените препораки и мерки на владата на Северна Македонија, рече директорот на Центарот за јавно здравје Тони Ди митриев.
Центарот дополнително направил и два теста, поточно земал брисови, на двајца пациенти кои дошле со упат преку матичен лекар.
И во Кавадарци се земени ист број на брисови од страна на службата на велешкиот Центар за јавно здравје каде се утврдени две лица позитивни на „Ковид 19“. Таму исто така се тестирани вработените на одделение во ЈЗУ Општа болница и лица кои имале првични контакти со заболените докторка и нејзиниот сопруг.
– Негативни се резултатите на сите што биле во контакт со нив. Нервното одделение беше затворено и неколку пати дезинфицирано. Утре прв контролен тест ќе им биде направен на двајца кавадарчани. Ќе се чекаат резултатите од првиот контролен тест па ќе се носи одлука за ставање во употреба на одделението во болницата. И во Кавадарци се следи состојбата со ставените во изолација граѓани исто како и во Велес, додаде Димитриeв.
Според него постапка на дезинфекција е направена и во објектите, возилата, гаражите, помошните објекти на препријатието во Велес каде се вработени двајцата позитивни на коронавирусот. Нивните најблиски се изолирани и се следи здравствената состојба./У.Ј