Ноќеска само 3 велешани и 2 неготинци приведени во полициска станица поради непочитување на полициски час
01.04.2020
Драстично намален е бројот на непочитувачи на полицискиот час за време на епидемијата на коронавирусот. Во споредба со изминатите денови кога полицајците на Секторот за внатрешни работи приведуваа и двоцифрени бројки на недисциплинирани граѓани, ноќеска, само 3 велешани и 2 неготинци се „шетале“ низ улиците во двата градови. Кавадарчани биле најдисциплинирани. Во овој град што припаѓа на СВР Велес на улица не излегол ниту еден граѓанин синоќа од 21 часот до 5 часот наутро.
Според статистиката на СВР Велес, исто така, се намалува потчно се преполовува и бројот на лица во самоизолација од „Ковид 19“. Во Велес дома седат вкупно 86 граѓани, во Кавадарци 69 граѓани и во Неготино 30 граѓани, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес./А.Д