Нов случај на Ковид 19 во Велес, бројката се искачи на осум
Објавено на 3 април, 2020 во 13:15
3.04.2020
Министерството за здравство објави денеска дека вкупниот број на позитивни велешани на коронавирусот изнесува осум. Според оваа евиденција во изминатите 24 часа е евидентиран уште еден нов случај на позитивен во градот по средношколецот кој вчера беше примен на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
Како што дознава Дума.мк од Инфективното одделение на велешка болница се испишани двајца пациенти а во моментов како лежечки пациенти се вкупно шест.
Од нив двајца се позитивни додека за двајца се чекаат резултати од земен и испратен брис во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје во Скопје./У.Ј