Расцутеа јапонските цреши на брегот на „Езеро Младост“
7.04.2020
Цутат сите триесет стебла на новозасадени јапонски цреши на езерскиот брег. Двјата се зафатени и напредуваат без дополнителна прихрана. Цветовите на формираната крошна се потврда дека парцелата на која се засадени сосема им одговара. Сонце ги грее во најголемиот ден од денот и со само неколку полевања во текот на благата зима стеблата се на добар пат да го разубават делот од брегот каде се засадени. Акцијашите од здружението на граѓани „Акцијаш ветерани“ постојано ги надгледуваат новозасадените парцели со садници на „Езеро Младост“ и досега во неколку наврати поединечно или организирано вршат полевање на садниците.
-Ако пред два месеци соопштивме дека садниците добро напредуваат сега можеме да ги објавиме фотографиите со расцутените дрвја и да соопштиме дека ги имаме првите благодети од зсадените четириесет дрвја од видот јапонски цреши. Од нив има саден материјал што дополнително ќе се засадува. Тие ја разубавеа парцелата на која се засадени. Вчера при последната контрола ја проверивме и влажноста на земјата и ќе кажеме дека, засега, не е потребно дополнително полевање на садниците, рече Делчо Костов командант на Работната бригада „Кочо Рацин“ на граѓанското здружение.
Тој, вчера, ја направи последната контола на засадените садници во големата акција за пошумување на брегот на езерото, организирана од Општина Велес. Според Костов во добра состојба се и најголем дел од засадените туи додека поголем дел од багремите најверојатно не се зафатени.
Пред Костов обиколка на парцелите со нови садници направи и претседателката на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Данче Андреева и акцијашот Јован Андреев./У.Ј