Полицискиот час ноќеска го почитувале велешани и неготинци, само 26 граѓани во самоизолација од коронавирус во регионот
Објавено на 8 април, 2020 во 08:00
8.04.2020
Само тројца граѓани во Кавадарци, ноќеска, не го почитувале полицискиот час и наместо дома биле на улица.Тие се приведени во полициска станица во Кавадарци и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Според податоците на Секторот за внатрешни работи Велес , неготинци и велешани вчера вечер седеле дома.
Во Велес во самоизолација од коронавирусот се 26 граѓани, во Кавадарци и Неготино по 10 граѓани или вкупно 46 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес./У.Ј