Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

eurobrik fin

8.04.2020

Се намалуваше бројот на работници додека обемот на работа остануваше ист уште од минатата година од месец октомври. Производството во две смени изнесуваше 2.400 блока на тули а плата не добивавме. Тоа беше главната причина за голем број на напуштања на работните места од страна на работниците и потрага по ново вработување, тврдат дел од поранешни работници на „Еуро Брик“. Според нив веќе се поднесени  тужби во Основен суд Велес.

Работниците бараат од фирмата да им го плати стажот. Информирајќи дека уште на крајот на минатата година сопствениците биле во потрага по нова работна рака, што ја обезбедиле дури од Турција. Исто така велат дека сега во производствените погони можеби работеле околу четириесеттина работници за дневница од по 1.000 денари. Парите ги добивале на рака по завршување на работното време од осум часови и трудова инспекција не направила увид. За нив е исто така чудно како досега на реагирала Управата за јавни приходи кога шест месеци фирмата немала исплата на плата.

-Производството не е запрено. По пет шлепери со тули дневно излегуваат од фабричките погони. Тоа значи производство кое чини околу 5 илјади евра но ние немавме одговор зошто по исплатата на септемвриската друга исплата на плата со придонеси немаше, рекоа поранешни работници на „Еуро Брик“. Не сакаа да бидат снимени и фотографирани.

Eurobrikproizvodstvo fin

Според овие работници од минатиот понеделник и менаџерот Тоше Кочов не одел на работа затоа што си дал оставка. Кочов ни ја потврди ниту ја демантираше информацијата за оставката. За останатите информации не упати да ги бараме сопствениците, македонскиот бизнисмен од Охрид, Абдурамим Бајрактар или Васиф Улучлар и Ибрахим Сенем од Истанбул.

Но Бајрактар ни по неколкудневно и повеќекратно повикување, не одговори на телефонските повици.

Велешки „Киро Ќучук“ се продаде на почетокот на 2016 година. Тогаш новите сопственици платија 1,1 милиони евра и вработија 100 работници. потоа на работниците по година ипол не им ги продолжија договорите за работа./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново