Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

velesblgjorev fin

9.04.2020

На инфективното одделение во велешката болница денеска е примена жена на 30 годишна возраст со позитивен резултат на тест од коронавирус. Taa е веќе евидентирана во статистичките податоци на министерството за здравство како десетто заболено лице од инфективното заболување. Освен неа на болничко лекување од денеска се наоѓа и велешанец на 62 годишна возраст со потешка клиничка слика иако неговиот резултат од земениот брис не е стигнат и не е потврден од вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје во Скопје.

Жената се инфицирала од „Ковид 19“ на работното место додека мажот засега се знае дека му бил пријател на 78 годишниот починат велешанец од инфективната болест.

-На инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес во моментов се лекуваат уште осум пациенти. Нивната здравствена состојба е добра поточно тие се клинички стабилни. Од одделението, по завршено лекување, е испуштен еден пациент кој сега се наоѓа во домашен карантин. Исто така и од Инфективната клиника во Скопје е испуштен еден велешанец што сега се наоѓа во домашен карантин поради добра здравствена состојба, рече портпаролот на ЈЗУ Општа болнца Велес д-р Весна Николова Неделковска.

Неофицијално во Велес има уште седуммина граѓани со симптоми на коронавирус. Нив им се земени брисови и се пристигнати резултати од тестот со кој се потврдени како новозаболени. Сите се поврзани со починатиот 78 годишен старец и со веќе примениот 62 годишен велешанец кој бил пријател на старецот /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново