Четворица велешани го прекршиле полицискиот час
22.04.2020
Во изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, сите во Велес. Тие се приведени и лишени од слобода.
– Во овој период на oсум лица им се издадени Решенија за изолација, сите осум се во Велес, три лица потпишале Изјави за самоизолација, едно во Велес и две во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 65 лица, од кои 46 во Велес, 12 во Кавадарци и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 101, од кои 59 во Велес, 29 во Кавадарци и 13 во Неготино, соопштија од СВР Велес.
Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и во самоизолација и констатирале дека сите ги почитувале мерките поточно биле пронајдени во нивните домови./У.Ј