Текстилната фабрика „Јука“ работи и ги чека резултатите од брисевите на семејствата на трите заболени работнички за потоа да одлучи што ќе превзеде
30.04.2020
Сеуште не се стигнати резултатите од петте работнички како и на членовите на семејствата на трите работнички позитивни на Ковид 19 од велешката текстилна фабрика „Јука“. Тие и доколку се утврди дека се шири бројот на заболени во фирмата ќе биде пресудно менаџментот да донесе деловни одлуки за продолжување на производствениот процес или негово запирање.
Ова денеска на градоначалникот Аце Коцевски му го пренел во телефонскиот разговор менаџерот на „Јука“ Трајче Димитровски. Димитровски, исто така, пренел дека од четири на осум го зголемиле бројот на автобуси за превоз на работничките од дома до работните места каде за да се спречат блиски контакти на работничките, за време на паузите за ручек, тие седеле на соодветна дијагонална раздалеченост на масите.
-Досега немале контрола од државен здравствен инспекторат туку само од трудова инспекција и тоа на почетокот. Димитриовски рече дека ги превземале сите активности што се во нивна моќ за да спречат да се случи нешто непредвидено на тоа дополнувајќи дека и они ако е опасно секојдневно како семејна фирма се изложуваат на опасност. Како што реков конечната одлука дали ќе имаат потреба да превземаат радикални мерки ќе ја донесат дополнително во зависност од тоа што ќе покажат резултатите на тие што се инфицирани односно дали болеста ќе земе поголеми размери или не, додаде Коцевски.
Трите заболени работнички беа евидентирани во статистиката на заболени од „Ковид 19“ додека за состојбата на петте работнички што треба да се тестираат, дали тие доаѓаат или не на работа, денеска менаџерот Димитриевски ништо конкретно не му соопштил на градоначалникот на Велес./У.Ј