Новозаболени денеска нема додека излекувани 10 пациенти со „Ковид 19“
Објавено на 2 мај, 2020 во 10:52
2.05.2020
„Во изминатите 24 часа не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.
Во изминатото деноноќие имавме 10 нови излекувани пациенти.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 77 лица од кои 29 излечени, 3 смртни случаи и 45 активни,“ пишува во денешната објава на Центарот за јавно здравје во Велес./У.Ј