Пет нови случаи на инфицирани од „Ковид 19“ од кои четири во Велес и еден во Чашка
6.05.2020
Четворица од кластер на конфекциска куќа во Велес и еден граѓанин од Чашка се новодијагностицирани на коронавирусот. Со тоа вкупниот број на заболени во Велес се покачи на 85 додека во Чашка на 3 заболени. Според епидемиологот Др Билјана Трајкова активни се и 40 граѓани. Центарот за јавно здравје, синоќа, изолирал уште осум велешани.
Ако се има предвид дека во изминатите три дена оваа јавна здравствена институција направила по 10 тестови дневно или вкупно 30 земања на брисови како и статистиката од минатата недела кога за пет дена биле земени 50 редовни брисови и околу 60 контролни тестови тогаш состојбата во Велес треба да се гледа како симптоматична.
Многу е важно велешани да останат во своите домови, да бидат внимателни на работните места и во услови на епидемија да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените работници за седење дома додека за неопходните потреби од пазарење или излегување надвор од домот да се носат заштитни маски како и ракавици./У.Ј