Дваесет проценти од платата за април на судиите од Основен суд Велес уплатени во солидарниот фонд за „Ковид 19“
Објавено на 16 мај, 2020 во 10:26
15.05.2020
Согласно препораката на Здружението на судии на Република Северена Македонија од 29 април, годинава, со која се препорачува на судиите на индивидуална и доброволна основа да донираат најмалку 20% од платата за месеците април и мај на сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот Ковид 19, заклучно со 15 Мај 2020 година, 14 од вкупно 16 судии на Основен суд Велес, видливо донираа парични средства во вкупен износ од 162.892,00 денари. Овој износ е одвоен од платата за месец април 2020 година.
На овој начин судиите на Основен суд Велесја ја потврдија својата определба на солидарност, поддршка и помош во напорите на државата за надминување на економско-социјалните последици од пандемијата со „Ковид 19“./У.Ј