Оздравени осум додека со последните двајца новозаразени во Велес има вкупно 123 инфицирани на „Ковид 19“
18.05.2020
Два нови случаи на заразени од Ковид 19 се регистрирани во Велес во последните 24 часа или 123 сограѓани изнесува вкупната бројка во Велес. Денеска бројот на активни лица на инфективното заболување изнесува 52.
Според статистиката на Министерството за здравство во Велес има 8 оздравени пациенти, 7 во Скопје и 1 во Прилеп, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19. Денеска починале двајца пациенти, жена од Куманово која имала 60 години и пациент од Струга кој имал 59 години.
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
Скопје-16
Тетово- 4
Струга-1
Велес- 2
Охрид- 2
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид-19 – велат од МЗ.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412./У.Ј