Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SoljavokontejnernaEZERO MLADOST fin

21.05.2020
Стара шоља од тоалет заврши изминатиот викенд во контејнер на брегот на Езеро Младост. Ја фрлиле несовесни граѓани на една страна од контејнерот затрупан со смет и поставен на самиот влез на плажите на езерскиот брег.

RosvejsadzamrazismetnaEZEROMLADOST fin

Вториот или среден од првите три летниковци, во изгорената шума, е без настрешница. Таа е искршена и добро спакувана за кражба додека последните посетители кои го користеле првиот од трите летниковц, на заминување, не ги собрале стаклените шишиња од испиени вина и пива, пластични чаши и хартии од изедена скара. Меѓу нив имаше оставен и росвеј сад за мраз.

IskrshenletnikovesnaEZEROMLADOST

Во банкините покрај штотуку изградените споредни патеки или новоасвалтираниот главен пат беа фрлени празни стаклени пивски шишиња, лименки од безалхохолни и алкохолни пијалоци, заштитни маски, влажни марамици па дури и искористени памперс пелени.

SmetpokrajpatotnaEzeroMladost fin

Таму, и дел од железните корпи за отпадоци се украдени. Останати се празни повеќе камени постаменти од кои се извадени корпите а околу нив расфрлени пластични кеси полни со смет.

Ulradenakorpazasmet fin

Помеѓу парцелите со штотуку засадените јапонски цреши и туи, дрвена настрешница на еден летниковец виси над масата за седење додека покрај неа се наоѓаат искршените летви кои претходно ја држеле зацврстена над клупите за седење. Траги на изгорени свеќи има на повеќе дрвени маси во летниковците.

Iskrshenletnikovec21

За оваа гледка што ги затекна дел од повозрасните сограѓани, во неделата на 17 мај, годинава во најпосетуваното излетничко место на велешани го прашавме градоначалникот Аце Коцевски : Кои мерки ќе ги превземе општината за да ја заштити урбаната опрема и природата од понатамошен вандализам на хулигани?

-Ме загрижуваат ваквите дејанија на несовесните велешани и велешанки. Тоа не е добро, лошо зборува за нас и за нашата култура, кон тоа што е правено со наши пари, пари на даночни обврзници кои се слеваат во општинскиот буџет . За жал во моментов немаме решение но во иднина за се што ќе биде инвестирано поточно монтирано, поставено и изградено на Езеро Младост сериозно размислуваме за поставување на редарско-чуварска служба за да го заштитиме тоа што е вредно и во исто време да го направиме достапно за што поголем број на посетители и за што подолг временски период, рече Коцевски.

gragjani fin

Наспроти ставот на градоначалникот дел од граѓаните кои во неделата ги користеа утринските сончеви зраци коментираа дека на брегот на Езеро Младост итно треба да се постават рампи што ќе го регулираат влезот и излезот на сите автомобили, велосипеди, мопеди и посетители, кои ќе бидат обврзани да платат симболична сума на пари за влез и за користење на летниковците додека редарско чуварска служба потребна е за  24 часовна грижа како за урбаната опрема така и за природата. За да ги открива и казнува несовесните однесувања на посетителите./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново