Детското одделение со Неонаталошкиот дел на велешка болница добија донација од Евангелската црква
28.05.2020
Со нова постелнина за сите 63 креветчиња, составена од чаршав, фротиркиа, навлака за јорган и за перница, со нови јорганчиња и перници ќе се покриваат и на нив ќе лежат децата од Велес кои ќе имаат потреба од лекување на Детско одделение во велешка болница.
За помалите, штотуку родени или до една година, кои ќе имаат здравствена потреба од лекување на Неонатологија се обезбедени и нови 30 комплети од детска облека и бањарки како и 100 тетра пелени.
Оваа донација за детското одделение ја обезбеди Евангелската црква.
-Голема благодарност до директорот на болницата д-р Божидар Бојаџиев и до одделенската сестра Олгица Пепелашева кои ни ги отворија вратите за соработка. Без желбата за соработка оваа донација немаше да се случи. Уште еднаш, нека Господ ве благослови изобилно сите вас кои дониравте кон ова дело. Слава на Бога за сѐ!, рече пастор Филип Иванов.
Донацијата чини 2.300 евра.
Штом се испере и дезинфицира целата донација ќе биде ставена во употреба на ова одделение во Општа болница Велес./У.Ј