Во недела на 7 јуни прво авионско третирање против комарци во Велес
2.06.2020
Првото авионско третирање против комарци ќе се врши со средство „Цицерон 20“ од страна на кумановската фирма „Бониер“. Авио прскањето ќе се реализира помеѓу 5 и 6.30 часот.
Авио третирањето ќе го опфати градот, „Езеро Младост“, населеното место Отовица, месноста Јарбош, течението на река Вардар од Башино село до вливот на реката Бабуна како и село Горно Караслари потоа населбите Превалец, Керамидна и Горно Оризари.
Од Општина Велес побараа пчеларите, поради безбедноста на пчелните семејства, во недела да ги затворат кошниците со пчели и нивното отворање да не биде порано од 3 до 4 часа по завршување на авионското прскање.
Доколку временските услови не го дозволат авионско третирање против комарци во недела на 7 јуни тоа ќе се помести за еден ден подоцна, поточно за понеделник 8 јуни, годинава./У.Ј