Двајца ново заразени велешани и еден оздравен од Ковид 19 во изминатото денонокие
4.06.2020
Освен двата нови случаи со заразени велешани, во вардарски плански регион има и новоинфицирано лице и во Неготино од Ковид 19 Според податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје во последните 24 часа кога се направени 953 тестирања, во државата, се регистрирани 120 нови случаи на заразени граѓани и граѓанки. Повторно најмногу во Скопје, Куманово, Тетово и Штип. Починати се двајца граѓани. Денеска табелата со нови случаи на заразени изгледа вака:
– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Прилеп 4
– Тетово 9
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1
Веќе не се објавуваат податоци за починатите граѓани. Министерството и Институтот одлучија да соопштат информација во која постои податок дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 8
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 1.
Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843./У.Ј