Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Povardarska eparhija fin

4.06.2020

Повардарската православна епархија ги повика сите „верни чеда“ од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите петок и сабота, кога се одбележува верскиот празник  Духовденска Задушница во периодот од 08-14 часот, да дојдат во дворовите и во храмовите и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Во соопштението објавено на веб страницата на оваа епархија на МПЦ-ОА со која раководи Владиката Агатангел пишува:

-Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа“.

Овој повик е сосема спротивен на соопштението на Владата која со превентивна цел забрани посети на гробиштата и прогласи делумен полициски час во останатите градови и целосен во Скопје, Куманово, Тетово и Штип за време на продолжениот викенд.

За повикот градоначалникот на Велес Аце Коцевски рече дека правењето на компромиси на централните власти со МПЦ и ИВЗ ја доведе државата до вака големи бројки со заразени граѓани од кронавирусот. Тој од велешани побара одбележување на празникот во домашни услови и директно упати апел до свештенството и до МВР.

Kocevski 4.06

-, Затоа мојот апел е тоа што е објавено од страна на Повардарската епархија да го повлечат, да ги почитуваат наредбите што ги носат надлежните државни органи затоа што црквите, верските заедници, џамиите, оџите, поповите, владиките не можат да бидат над законите. Ако тоа не го прават ги повикувам надлежните државни органи, пред се МВР, да ги применат сите законски мерки и да го спречат масовното собирање. И се разбира да покренат соодветни санкции против тие што повикуваат и непочитуваат закони и уредби, додаде Коцевски.

Градоначалникот нагласи дека уредбата на Владата за претстојниот викенд во кој спаѓа и празникот Задушница е јасна и е во интерес на здравјето на сите граѓани./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново