Мицковски од Велес: Ова се избори за вистинска пресвртница помеѓу Македонија со искривена кичма и Македонија исправена, достоинствена и горда
7.07.2020
Да се борат заедно до крајната цел иако по пат ќе имаат многу искушенија и многу предизвици и тоа колку е поголема крајната цел толку искушенијата и предизвиците ќе бидат поголеми, им порача на велешани лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва на велешани . Во населбата Тунел се одржа средбата со граѓаните на Коалиција „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.
-Тоа не треба да ве разочара, тоа треба дополнително да ве мотивира да се борите до реализација на крајната цел, се до реализација на нашиот сон кој заеднички го сонуваме силна Македонија, Македонија најдобрата држава на балканот. Ова не се обични избори, ова се избори за вистинска пресвртница, бидејќи изборот е помеѓу Македонија со искривена кичма, помеѓу неправдата и криминалот од една страна и правдата, чесноста, но и достоинствена, исправена и горда Македонија од друга страна, додаде Мицковски.
Носителот на листата во изборната единица 3 Игор Јанушев, вети доколку го добијат наредниот четиригодишен мандат владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе го изгради автопатот Скопје – Велес – Прилеп, покачени плати за 25%, пензии за 20 %, рамен данок од 8 проценти, гасификација и домашни како и странски инвестиции во висина од 4 милијарди евра.
-Од СДСМ не очекуваме ништо што е поврзано со фер и демократско. Не го очекуваме тоа зашто Љупчо, Заев и останатите се нервозни. А нервозни се затоа што знаат дека губат. А и како да не бидат кога секој нов дел е скандал. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и уплашени од пораз. Затоа ќе му порачам нешто на Љупчо Николовски „Паѓате, ВМРО ДПМНЕ победува а победува и Република Македонија, рече Јанушев.
На средбата пред велешани кандидатот за пратеник од Велес Игор Здравковски рече дека ВМРО ДПМНЕ секогаш стоела на браникот на татковината.
-Велес три ипол години е застанат во времето. Немаме никаква инвестиција, никаква визија за развојот на градот и немаме никаква мисла за иднината. Три ипол години тапкаме во место меѓутоа ВМРО ДПМНЕ предводена од проф. Др Христијан Мицковски во својата Програма за Обнова на Македонија, Велес го става на високо место и ќе му го врати приматот на гигант во централна Македонија“, додаде Здравковски./У.Ј