Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PanoramaVelespredGimnazija fin

8.07.2020

По неколку дневно континуирано евидентирање на новозаболени велешани , во последните 24 часа, нема сограѓани на листата на Министерството за здравство. Во денот кога Институтот за јавно здравје соопшти дека има 67 повеќе оздравени пациени - 230, од новозаболени - 163, во првите, оздравените се и 7 велешани.

Сепак ваквата состојбата се уште е сериозна и ни од далеку не треба да предизвика опуштање помеѓу граѓаните.

- Оздравените од коронавирус се од сограѓаните кои се лекувале во домашни услови, под надзор од матичните лекари. Од Инфективното одделение во изминатите 24 часа нема отпуштен пациен, рече портпаролката на Општа болница Велес, д-р Весна Николовска Неделкова.

Dr Vesna Nikolovska Nedelkova fin

На Инфективното одделение во велешка болница се лекуваат вкупно 17 пациенти со Ковид 19. Само еден нема потврден резултат иако е со симптоми на заразната болест.

На кислородна поддршка се наоѓа маж на 73 години од село Горно Јаболчиште. Од останатите пациенти, поголем број се млади на возраст од 22 до 40 години.

Во изминатото деноноќие во вардарски регион има 9 новозаболени во Свети Николе и еден во Кавадарци. На листата на оздравени освен 7 во Велес се наоѓаат и по двајца во Свети Николе и Неготино ./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново