Еден оздравен и жена со симптоми на Ковид 19 примена попладнево на инфективно, во велешка болница
9.07.2020
Не се регистрирани нови заразени велешани со коронавирус во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Според статистиката на Институтот за јавно здравје оздравен е еден жител на Општина Велес. Тоа е оздравен пациент по лекување на Инфективното одделение на велешка болница.
Портпаролката на Општа болница Велес, д-р Весна Николовска Неделкова, соошти дека на инфективно денеска има повторно 16 пациенти.
Попладнево била примена на лекување жена со симптоми на заразната болест. Неа и бил земен брис и испратен на испитување во Скопје.
-Здравствената состојба на пациентите кои се лекуваати се со позитивни тестови на Ковид-19 на Инфективното одделение е стабилна. Немаме пациенти на кислородна поддршка. Попладнево е примена пациентка со симптоми за која чекаме резултати, додаде д-р Николовска Неделкова.
Во општината на домашно лекување се наоѓаат 21 граѓани следени од матичните лекари додека 36 случаи се водат како активни.
Од почетокот на епидемијата во општината се заразија 198 лица од нив 149 се оздравени додека 13 се починати.
Во вардарски регион, во изминатите 24 часа, единствен град со новозаразени четири лица е Свети Николе и нема други оздравени пациенти./У.Ј