На инфективно одделение во Општа болница Велес, денеска, нема велешани кои се лекуваат од Ковид 19
30.07.2020
Од вкупно 13 пациенти, 11 се од Свети Николе, еден е од Кавадарци и еден од село Јаболчиште. Од нив двајца се на кислородна поддршка. Здравствената состојба на пациентите е стабилна.
-Тројца од пациентите се на возраст помеѓу 30 и 40 години, еден спаѓа во возрасната група од 40 до 50 години, двајца се на возраст помеѓу 50 и 60 години, тројца имаат помеѓу 60 и 70 години додека четворица се на возраст од 60 до 70 години, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.
Вчера од одделението биле испишани шест пациенти и денеска уште еден со по два негативни тестови на Ковид 19.
Според Министерството за здравство, во последните 24 часа, тројца велешани се новозаразени и еден е оздравен. Во вардарски регион новозаболени има и двајца граѓани на Кавадарци како и еден на Свети Николе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира еден оздравен велешанец како и двајца од Свети Николе./У.Ј