Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ezerocadoridobregot fin

31.07.2020

На првата плажа на „Езеро Младост“, од денеска, велешани како и транзитни туристи можат да се капат, сончаат или да ги користат благодетите на дрвјата за престој во природа од пеколната жештина. Плажата, што се простира на површина од 5.000 м2, е уредена со 12 сламени чадори за заштита од сонце, кабина за пресвлекување, два туша, чешма за вода, три тоалет кабини, простор со реквизити за играње на деца, клупи за седење и тревна површина.

Ezeroprvaplazatuskabinavodatoaleti fin

Плажата има и пристапна патека поплочена со бехатон плочки за да овозможи до самиот брег да имаат пристап и лица во инвалидски колички, на лица со попреченост. Самата ивица на влезот во водата е послана со песок и се изградени скали за симнување, од паркингот до езерото, како и потпорен ѕид, канал за атмосверска вода и таложник за прифаќање на водата од тушевите што треба да ја прифати водата и да не дозволи загадување на езерото.

EzeroKocevskiprvaplaza fin

-Прво обезбедивме вода за пиење што никогаш езерото го немало, поставивме систем капка по капка за наводнување на тревата што е посеана и набргу треба дополнително да го оплемени просторот. Не поддржа и фирмата „Пакомак“ за што упатувам голема благодарност за покажаната општествена одговорност затоа што за потребите на плажата донирани се шест големи контејнери за стакло, хартија и пластика и 10 помали контејнери за смет. ЈКП Дервен е задолжено за уредување на плажата. Им посакувам на граѓаните и граѓанките кои ќе дојдат со здравје да ја користат плажата и посакувам да се грижат за животната средина како и уредно да ги одржуваат сите урбани елементи што се поставени на плажата, рече градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Ezeroprvaplazaklupiigrotekadrvja fin

Ezeroprvaplazasopogledkonezero fin

На новинарско прашање зошто не е исечена трската во водата до самиот брег Коцевски одговори дека е заштитена со закон и е од големо значење за езерото поточно ги прочистува водите и овозможува мрест на рибата.

Ezerokon letnikovcite

Уредувањето на плажата го финансираше Општина Велес со 1.000.000 денари од сопствениот буџет како додадена вредност на проектот „Паметно Езеро Младост – прва иновативна туристичка дестинација во Македонија“. Сега се очекува нареден проект од Швајцарската агенција за развој што ќе овозможи лицата со попреченост да имаат пристап и страната на кампот и „Парк на авантури“ кои се градат.

Ezeroprvaplazanovinari

-Ќе обезбедиме и туристички мал воз за разгледување на убавините на езерото. Доколку оваа плажа биде користена вгодина навреме ќе распишеме конкурс за да ја дадеме на концесија, за да има кој да се грижи и да заработува во интерес на сите. И доколку биде добро ќе продолжиме со уредување и на други плажи на Езеро Младост затоа што е многу значаен развоен потенцијал за општината што очекуваме да го привлече вниманието како на велешани така и на посетители од соседните општини како и на транзитни туристи, додаде Коцевски.

Ezeroprvaplazashiroka

Плажата симболично беше предадена во употреба пред претстојниот голем македонски празник Илинден. Општината им се заблагодари за учеството во изградбата на затворот во Долно Оризари и на затворениците како и на вработените на ЈКП Дервен, ГП „Тргоцемент“ и ГП „Павер трејд“. /У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново