За неносење заштитна маска, во изминатото денонокие, казнети 22 велешани
Објавено на 5 август, 2020 во 10:37
5.08.2020
Во изминатите 24 часа полициските станици во Велес, Кавадарци и Неготино вршеле контроли за носење на заштитни маски од страна на граѓаните.
Во исто време за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe вкупно 50 лица.
Најголем број од казнетите граѓани се од Велес поточно 22 лица, двајца помалку во Неготино или 20 граѓани додека осум во Кавадарци./С.А