Три нови случаи со Ковид 19 во Велес
8.08.2020
Направена е грешка, денеска,при преносот на информации од Институтот за јавно здравје, наместо соопштените 12 точната бројка на новозаразени од Ковид 19 во Велес изнесува три. Ова го соопшти во разговор за Телевизија Здравкин д-р Бојан Тодоровски, од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Д-р Тодоровски ја извести јавноста дека е направена грешка и дека не се регистрирани 12 , туку само три нови случаи бидејќи во Центар за јавно здравје Велес, доаѓаат граѓани и од други градови за да се тестираат за присуство на Ковид – 19.
Тројцата нозаразени велешани работат во други градови, поточно во Кавадарци работела заразената жена доека вториот бил трговски патник од кого најверојатно се заразил и член на неговото семејство.
Според портпаролката на Општа болница Велес, д-р Весна Николовска Неделкова на Инфективното одделение вечерва е примен еден велешанец со симптоми на коронавирус за кого се чека потврда додека останатите 14 пациенти кои се потврдени се лекуваат повеќе денови. Од нив пет се од Велес, пет од Свети Николе и четири од Неготино
Информациите што попладнево ги објави Министерството за здравство внесоа голема вознемиреност кај граѓаните на Велес. Се очекува да бидат корегирани во утрешниот извештај за состојбата со Ковид 19./У.Ј