Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Opstinskistabzazastitaispasuvanje fin

9.08.2020

За невремето кое зафати делови од територијата на општината, кое е најголемо во тој дел од општината по поплавата од 1974 година до денес, за животот го изгуби еден граѓанин, а беше нанесена и голема материјална штета, Општинскиот штаб за заштита и спасување, денес, на 9 август 2020 година, одржа вонредна седница и ги донесе следните заклучоци за санирање на последиците:

1. По создавање на неопходни услови да се ангажираат потребните материјално технички и човечки ресурси од локално и државно ниво, како и специјалисти за спасување, за брзо наоѓање на телото на исчезнатиот сограѓанин;

2. Општина Велес од сопствени буџетски средства, но и со помош од државните институции да помогне во санирање на штетите од временските неприлики;

3. Преку Јавен повик, а со помош на месните и урбаните заедници да се известат сите жители и претпријатија кои претрпеле штета од невремето да пријават, со цел Комисијата за проценка на штети наврмено да излезе на терен и да ја процени пријавената штета;

4. Се задолжува градоначалникот на Општина Велес и вработените во во Одделението за комунални дејности да обезбедат механизација и човечки ресурси за санирање на штетите. Доколку има потреба од дополнителна помош во човечки ресурси, Општина Велес ќе побара помош од Армијата и Казнено поправниот дом од Велес;

5. Се задолжува ЈКП Дервен да ги исчисти шахтите од канализационата мрежа, како и улиците од наносите од чакал, песок, земја и друго на градските улици;

6. За санирање на оштетената фекална канализациона линија во Превалец, за поправка на оштетените коловози и банкини на локалните патишта и на улиците, како и за чистење на наносите од чакал, песок, земја и друго на локалните патишта и на улиците во населените места Општина Велес ќе ги ангажира економските оператори кои се избрани на тендер за таков вид на градежни зафати;

7. Се задолжува Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Велес, заедно со Одделението за комунални дејности веднаш да направи проценка и да изврши проверка на сите мостови за отстранување на насукани гранки, трупци и стебла од дрвја;

8. Се задолжува ЈКП Дервен да врши редовна проверка на исправноста на водата за пиење со цел да се обезбеди чиста и здрава вода за пиење;

9. Да се изврши проценка на штетите на Фудбалскиот стадион во Превалец, на теренот и објектот и истите да се санираат пред почеток на натпреварите во Трета фудбалска лига;

10. Се задолжува Одделението за комунални дејности, заедно со одговорните од Министерството за животна средина и просторно планирање да изврши увид и проценка на просторот по течението на реката Тополка и да се утврдат критичните точки од кои реката се излева, за да се изгради насип за да се спречат идни можни поплави;

11. Да се известат ЈП за државни патишта и ЈП "Македонија пат" за оштетувањата на мостот во Превалец кој е на регионалниот пат за благовремено да се направи проценка на штетите и за да се преземат мерки за санација на оштетените делови;

12. Да се утврди потребата од постоење на мостовската конструкција за инсталации за отпочнување постапка за рушење за да се спречат идни опасности;

13. Во случај на потреба, Општинската Организација на Црвен крст од Велес да помогне на настраданите од поплавите со обезбедување прехранбени и други производи;

14. Доколку расположивите средства не бидат доволни, се задолжува градоначалникот да покрене постапка за обезбедување дополнителни финансиски средства со измени на програмите и со измени и дополнувања на Буџетот на Општина Велес;

15. По добиените проценки за настанатите штети, Градоначалникот на Општина Велес да додели финансиска помош на погодените од поплавите во висина до 50.000 денари, како и за семејството на несреќно настраданиот во село Белештевица;

16. Општина Велес да стапи во контакт со ЕВН, со цел ЕВН како општествено одговорна компанија да помогне во пронаоѓањето на исчезнатиот граѓанин кој настрадал во акција за давање помош на екипата на ЕВН, како и со обезбедување помош за семејството на исчезнатото лице.

 

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново