Дваесет и пет жени и 52 мажи денеска даруваа крв на традиционалната Летната крводарителска акција
14.08.2020
Изненадувачки висок е одзивот што денеска го покажаа велешани, на вториот ден од 27 Летна крводарителска акција. Собраните 77 крвни единици од кои секоја трета ја даруваше жена ги изненади како Црвен Крст Велес така и Институтот за трансфузиона медицина. За почит, исто така, е и мотивираноста на четворицата велешани кои за прв пат даруваа крв.
-И во услови на епидемија на коронавирус нашите сограѓани покажаа висока свест и хуманост. Денешното дарување на крв од 27 жени позитивно не изненади. Почит и благодарност како за нив така и за сограѓаните мажи. Да им се заблагодарам и на 8 сограѓани кои во двата дена одлучија за прв пат да даруваат крв. Ќе соопштам дека овогодишната 27 Летна крводарителска акција е успешна и со собраните вкупно 141 крвни единици Општинаската организација на Црвен Крст Велес веќе го натфрли годишниот план од 1861 собрани крвни единици, рече Орце Николов секретар на Црвен Крст Велес.
Во текот на вчерашниот, прв ден, на годинешната крводарителска акција беа собрани 64 крвни единици. Акцијата се реализираше во Ликовен салон во Велес од 7.30 до 14.30 часот.
Топлото време и високите температури и годинава не влиаеја хуманите сограѓани да дојдат и да даруваат крв што им е потребна на Клиниките во Скопје./У.Ј