(ФОТО) Aкцијашите ветерани го исчистија паркот кај комплексот згради на поранешен „Симпо“ во Велес
Објавено на 15 август, 2020 во 14:17
15.08.2020
Четири метри кубни смет, отпадот, шут, гранки и лисја од паркот под зградите и кулите на поранешен „Симпо“ собраа денеска дел од акцијашите ветерани на Младинската работна бригада „Кочо Рацин“. За четири часа поранешните велешки бригадири собраа се што граѓаните во овој дел од Велес одлучиле да го фрлат во паркот наместо во корпите, контејнерите и на градските депонии.
Акцијата ја помогна Јавното комунално претпријатие „Дервен“ кое стави на располагање трактор.
Акцијашите ветерани на ова здружение на граѓани на крајот од акцијата упатија апел до станарите во околните згради да го чуваат и негуваат паркот наместо од него да создаваат ругло во градот./У.Ј
Фотографии од акцијата: