Три жени и еден маж се новозаразени во Велес од коронавирус
Објавено на 18 септември, 2020 во 14:35
18.09.2020
Вкупно четири нозаразени од Ковид-19 има во изминатите 24 часа во велешко. Жените според епидемиолошките анкети се заразиле од член на семејството, од летување и како последица на преглед поради нарушена здравствена состојба додека мажот не можел точно да соопшти како се заразил.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 15 пациенти, седум се од Велес, од кои 12 се со потврден тест на коронавирус додека за тројца се чекаат резултати.
Со последните заразени, во велешко досега се инфицирале вкупно 300 граѓани од нив 258 се оздравени, 15 починати и 27 се водат како активни случаи. /У.Ј