При пад од покрив тешко повреден работник на велешка фирма
20.10.2020
Со скршеница на черепот и на дванаесето ребро како и со крварење во мозокот вчера на Хирушко одделение во Општа болница Велес бил донесен велешанецот В.А.(58). Тој паднал од покрив при извршување на работни задачи како вработен во велешка фирма.
-Направени се ренгенски снимања и утврдени се повреди за кои на пациентот му била потребна итна медицинска помош. По укажаната, во Општа болница Велес, пациентот е веднаш транспортиран на Клиниката за Неврохирургија во Скопски клинички центар, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпаролка на велешка болница.
Педесет и осум годишниот В.А во Општа болница Велес бил донесен во 15 часот. Тој за време на прегледите, исптувањата и снимањата во болницата во Велес како и при транспортот до Клиниката за Неврохирургија во Скопје бил во стабилна здравствена состојба./У.Ј