Вкупно се хоспитализирани 20 лица во велешката болница, 16 од нив се потврдени позитивни
Објавено на 28 јануари, 2021 во 13:12
28.01.2021
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 20 ковид пациенти. Од болничките 20, на инфективно одделение се 17 лица додека на Интерно одделение се три лица.
-16 од пациентите се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и еден пациент е со негативен тест но задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се вкупно седум пациенти. – соопшти д-р Елеонора Јованова.
Состојбата со коронавирусот во градот Велес е стабилна, но се апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките со цел спречување на ширењето на вирусот.
Стефани Манева
#Ковид-19 #ХоспитализираниПациенти #ОпштаБолницаВелес #СтабилнаСостојба