Започнува утре вакцинацијата против Ковид-19 и за велешани
30.03.2021
Шеесет граѓани од Велес утре ќе ја примат првата доза на вакцината Астра Зенека во двата вакцинални пункта на Здравствен дом во Велес. Вакцинацијата ќе ја вршат медицинските лица од одделот за имунизација. Со овој вид на вакцина ќе се вакцинира возрасната популација над 77 години кои се хронично болни.
Вакцинацијата ќе започне во 8 часот и ќе трае до 18 часот поточно по четири граѓани во еден час.
-Така ќе биде и во наредните денови. На вакциналните пунктови ќе можат да отидат само граѓаните кои во текот на денешниот ден добија емаил порака од Министерството за здравство, откако електронски се пријавија на порталот vakcinacija.mk и тие што се известени од матичните лекари дека треба да примат прва дозана вакцина,рече директорот на Здравствен дом Велес Никола Димовски.
Пунктовите засега ќе работат двосменски. Доколку биде потребно, во зависност од бројот на заинтересирани граѓани, отворена е можност за потребите од вакцинација трет пункт да биде отворен и во Центар за јавно здравје Велес.
Вакциналниот пункт на Здравствен дом се наоѓа на први кат во зградата во поранешната амбуланта за ушни болести. Таму се обезбедени три простории.
Убавка Јаневска