Тепачка помеѓу две велешанки и казни за 40 граѓани кои не носеле маска
Објавено на 20 април, 2021 во 11:01
20.04.2021
Во Сектор за внатрешни работи Велес, било пријавено дека вчера, околу 16:00 часот, К.К. на 62 годишна возраст била физички нападната од сеседката К.К (41) . Тепачката се случила во двор на улица „Петре Михов“ во Велес.
-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
Во текот на истиот ден од страна на полициски службеници, за Уредбата за носење на лична заштита биле евидентирани 40 граѓани. Од нив, казнети се 26 лица од Велес и по седум во Кавадарци и Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
За непочитување на забраната за движење во период од 20:00 до 05:00 часот, СВР Велес има евидентирано само еден прекршок во Неготино.
Стефани Манева