Се намалува бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 20 април, 2021 во 14:31
20.04.2021
Вкупно 12 пациенти, денеска, се испишани како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19 од Општа болница Велес.
Во моментов, во велешката болница се лекуваат 85 ковид пациенти, од кои 71 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 46 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 35, на Интерно одделеие девет, во Физикална 11 пациенти и во Модуларна болница 30 пациенти.
Стефани Манева