Петнаесет пијани возачи управувале автомобили
Објавено на 26 јули, 2021 во 12:16
За време на викендот, ноќта во саботата и утринските часови на неделата на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Во периодот од 23.00 до 05.00 часот, биле регистрирани и санкционирани 25 возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол.
Од нив 15 во Велес, осум во Кавадарци и два во Неготино, соопшти СВР Велес.
Во изминатите 24 часа полициските службеници за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирале 11 лица во Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци.
Убавка Јаневска