На најстрмниот и најкаменестиот дел од градот, што започнува од плоштадот „Саармале“ и се простира угоре кон Којник и Теќе, се наоѓа велешкото Карпа маало. Името го добило по тоа што се создало на голема карпа. Според кажувањата на стари велешани на карпата, најнапред се наоѓала примитивна ковачница што ја имал некој Турчин. Кога тој си заминал карпата со месеци, со токмак, ја кршел Трајко Димов со домаќинката Лена и децата Иле, Коле, Димче, Ѓоре и Славка, за да изградат свој дом. Се до 1926 година, над карпата и десно од неа, немало куќи. Подоцна тука заапочнала изградбата на куќи на граѓани од македонска и од турска националност.

„Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривичнa пријавa против Б.Ш. (31) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Од Судија на претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Велешанецот Љубчо Атанасовски, поранешен работник на „Порцеланка“ , цели шеснаесет години не може да ги оствари правата на лице со намалена работоспособност. Него надлежната институцијата во поранешна Југославија го прогласила но, сегашната, ПИОМ, му го оспорува тоа право. Атанасовски со решение бр. 199 од 8.10.1985 година во кое за прв пат е констатирана намалена работоспособност од тогашниот СИЗ бил преместен од погонот глазирница во заштитната работилница на фабриката за производство на керамички производи во Велес. Таму работел петнаесет години се додека Порцеланка не се затвори но, кога во 2000 година бил отпуштен од работа, како технолошки вишок, тој бил единствен од вкупно 96-те работници што не добил надомест за инвалидност до наредно вработување или пензионирање .

18:30 - Убиството на четириесет и три годишниот Тоше Коцев се случило денеска пред неговата куѓа на улицата Васил Ѓоргов бр. 47 во Велес. Таму околу 14 часот и 15 минути дошол триесет и едногодишниот маж, исто така велешанец, кој со огнострелно оружје пукал во Коцев и му нанел пет до шест рани во пределот на стомакот и нозете. По случката Тоше бил пренесен во болницата во Велес но им подлегнал на повредите пред да започне оперативниот зафат од страна на лекарите на хирушкото одделение.

Фотографии и документи посветени на дваесет годишнината од меѓународното признавање и членство на Црвениот крст на Македонија во меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина се изложени во Ликовниот салон во Велес по повод светскиот ден на волонтеризмот, 5 декември. Го одбележуваат сите 190 Национални друштва на Црвен крст. Целта на овој ден е да се укаже на значењето и местото на волонтерите во средините на кои што делуваат. Претседателот на Црвен крст на Македонија д-р Милчо Трајков вели дека од година во година расте бројот на волонтери во светот и кај нас.

Уште еден хуманитарен саем на храна се одржа во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес. Погачи, пити и разни благца, подготвени од родителите на учениците и наставниците, како и дел од пекарите во градот, со симболична цена, беа изложени на штандови. Посетителите на манифестацијата за час ги купија производите и на тој начин донираа. Собраните пари од саемот ќе се искористат за опремување на сензорна соба во училиштето за децата со посебни потреби што учат во ова училиште.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново