Точно во 15 часот и 10 минути силно се стресе тлото под Велес. Земјотесот траеше неколку секунди, беше проследен со силна бучава и нишање од една кон друга страна, пишуваат вознемирени граѓани на своите фејсбук профили. Граѓаните кои живеат во куќи излегоа надвор, на маало, сокак и улица. Жителите од зградите останале дома. Вознемирени се сите.

Македонија од секогаш била ризница на многу вредни реликвии и документи кои го потврдувале нејзиниот идентитет. Сите тие се чувале во црквите и манастирите. Соседните држави Србија, Бугарија и Грција од секогаш имале аспирации да земат дел од Македонија и да ја избришат од географската карта, не бирале начин како да ги присвојат како свои или уништат вредните реликвии и документи за постоењето на Македонија и македонскиот народ и покрај тоа што знаеле дека Македонија е вековна земја која има свој корен и свој идентитет. Сите тие, како глутница гладни волци, не бирале начин да го земат сето она што било наше, македонско.

Петмина прилепчани на возраст од 19 до 39 години ја пустошеле шумата кај село Степанци во општина Чашка. По спроведена акција на Македонски шуми и шумската полиција од Велес, се фатени вчера на лице место. Прилепчаните биле затекнати во месноста викана „Црници“ во атарот на селото.

Заврши жетвата на пченицата во велешко. Производителите се задоволни од годинешниот род но се крајно разочарани од откупната цена и пласманот на пченицата. Мелничарите им нудат по 7 денари за килограм квалитетна пченица, со кои не можат да ги покријат ниту основните трошоци. Земјоделците не знаат што да му прават на родот. Дел од нив пченицата ја продале како добиточна храна, некои пак ја дале на чување во силосите на маслодајна и други фирми, а поголем број од нив ја чуваат во селските амбари или пак во вреќи во неоодветни услови.

Вкупно 164 ученици кои потекнуваат од загадени средини како што се општините Велес, Кавадарци, тетово и Илинден и селата Возарци и Миладиновци, се рехабилитираа во детското одморалиште „Бегова корија“ во Крушево. За време на осумдневниот престој, од 28 август до 04 септември, децата имаа можност да ги осетат благодетите на природата и чистиот планински воздух како и да се дружат меѓусебе.

Поради тешки повреди на главата, повеќе рани и крварење на телото настраданиот возач во сообраќајната несреќа на автопатот Гевгелија - Скопје е префрлен во скопскиот Ургентен центар. Сообраќајната несреќа се случи денеска околу 14.40 часот на автопатот Гевгелија - Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“. Кога повредениот бил донесен во велешката болница тој бил во кома. Веднаш по реанимацијата, тешко повредениот маж е пренесен во скопскиот Клинички центар.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново